Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кризата го промени списокот на најбогатите од Русија

Кризата го промени списокот на најбогатите од Русија
Коосновачот на конгломератот "Ренова" Виктор Векселберг ја предводи листата на најбогатите Руси со нето богатство во вредност од 14,7 милијарди долари. Роден во денешните предели на Украина, бизнисменот ја зазеде 63-тата позиција во светот во листата на Forbes за 2014 година, губејќи само 200 милиони долари во периодот март-декември покрај низата санкции на Западот против Русија. За споредба досегашниот број еден во рангирањето Алишер Усманов изгуби цели 4,5 милијарди долари минатата година според Wealth-X. Основачот на конгломератот USM Holdings и косопственик на англискиот фудбалски клуб "Арсенал" се раздели со 25 проценти од своето богатство од почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина. Во моментов Усманов поседува околу 14 милијарди долари во споредба со 18,3 милијарди долари во почетокот 2014 година. Олигархот Михаил Фридман пак изгуби 2,7 милијарди долари, или 18 отсто од своето богатство. Фридман е водечки акционер во "Алфа група" - еден од најголемите финансиско-индустриски конзорциуми на Русија. Триото е меѓу петте најбогати Руси во листата Wealth-X. Нивното богатство се намали како резултат на тројниот "смртоносен удар" за Русија - падот на цените на нафтата, екстремната девалвација на рубљата и зголемувањето на каматните стапки. Поевтинувањето со повеќе од 50 отсто на нафтата во последните шест месеци доведе до првата контракција на бруто домашниот производ на Русија во последните 5 години во ноември. Во меѓувреме рубљата изгуби повеќе од половина од вредноста во текот на целата 2014 година. Роман Абрамович, сопственикот на фирмата Millhouse и англискиот фудбалски клуб "Челзи", изгуби 100 милиони долари, со што вкупниот износ на богатството му се собираа до 12,70 милијарди долари. "Богатството на Абрамович нема влијание кое е значително од санкциите и кризата со рубљата, бидејќи повеќето од средствата му се поврзани со неруски компании. На пример, капитализација на" Норилск Никел " и " Евроазија ", сопственост на Millhouse, се зголемија односно со 27 и 130 отсто од март 2014 година ", посочија од Wealth-X. Најголем профит меѓу богатите Руси покажа главниот извршен директор на "Северстал", Алексеј Мордашов, кој зго големи нето богатството со 1,6 милијарди долари, или близу 16%. Бизнисот на "Северстал" е фокусиран на челикот и рударството. Неодамна компанијата доби покачување на оценката од кредитната агенција Standard & Poor's. К.К.
Слично

Поврзани вести