Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кризата ги толчи- Грците на „кокаин за сиромашни“

Кризата ги толчи- Грците на „кокаин за сиромашни“
Многу Грци, а особено оние кои се западнати во крајна беда од економската криза, утеха наоѓаат во алкохол и евтина синтетичка дрога која ја нарекуваат и „кокаин за сиромашни“, а за која е сигурно само едно: убива и тоа брзо. Во прашање е кристален метамфетамин, но често од „домашни лаборатории“ и збогатен со состојки како киселина од батерии, машинско масло, па дури и шампон. Може да се вдишува и вбризгува, доза чини само две евра, а еден зависник нејзиното дејство го опишува вака: „Те пржи одвнатре, те прави агресивен и гарантира дека тотално ќе полудиш. Но, евтина е и лесно се набавува, па сите ја трошат.“ Со болен хумор дрогата ја нарекуваат и „дрога – програма за штедење“, бидејќи зависниците не можат да си дозволат квалитетни, но и скапи хероин и кокаин, а најголема популарност ужива меѓу бездомниците, кои се сиромашни, без надеж истерани на улица.
Слично

Поврзани вести