Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кризата ги тера граѓаните повеќе да штедат во девизи

Кризата ги тера граѓаните повеќе да штедат во девизи

Повеќе од очигледно е дека неизвесноста во политичката криза влијае врз граѓаните.

Се повеќе се штеди во девизи, а депозитите на домаќинствата според последниот извештај на Централната банка тие во март бележат пад од 0,6%.

Се намалиле и денарските и девизните штедни влогови за 20 милиони евра.

Во однос на кредитирањето пак статистиката на НБРМ бележи раст во март .

Кај населението растот во март изнесува 4%, или 30 милиони евра повеќе од претходниот месец а кај фирмите тој раст е  1,1% или вкупно 25 милиони евра повеќе од февруари.

Граѓаните се почесто земаат потрошувачки или станбени кредити, а во март НБРМ бележи раст и кај автомобилските кредити.

Слично

Поврзани вести