КРИЗА: Затворени два конзулати во Битола
Хрватска и Велика Британија ги затворија своите конзулати во Битола. Во јавноста нема официјално образложение за затворањето на британскиот почесен конзулат кој работеше 14 години. За згаснувањето на хрватскиот конзулат од Амбасадата во Скопје соопштија дека причините се економски.
Според Дневник, кој се повикува на изјава на битолскиот градоначалник Владимир Талески, затворањето на конзулатите нема да го наруши имиџот на Битола како „Град на конзулите“.
Тој вели дека наспроти затворените два конзулата, во Битола наскоро ќе бидат отворени два нови - босански, кој ќе го претставува нотарката и позната пејачка Билјана Дамјановска, и австриски конзулат, чиј прв човек ќе биде професорката Валентина Илиевска.
„Со тоа градот пак ќе има 13 конзулати, што е повеќе од најславното минато, кога имал девет конзулати истовремено. Наследената приказна од повеќе генерации наназад за конзулска Битола ја продолжуваме“, вели Талески.
Слично
