КРИЗА ЗА СТАНОВИ: Луѓе се доселуваат, ова се случува во европска земја
Германија се соочува со криза за станови, затоа што расте бројот на доселеници.
Недостигаат 700.000 станови, соопшти Здружението „Социјално домување“. Алијансата бара посебен фонд од 50 милијарди евра за социјални станови и снижување на даноците. Владата треба да го намали ДДВ за социјалните станови од 19 на седум проценти. Како што објави Институтот Пестел во Хановер и Градежниот истражувачки институт ARGE во Кил, во период од јануари до септември лани, околу 1,25 милиони луѓе дошле во Германија повеќе отколку што заминале во наведениот период. Ова е највисокиот миграциски биланс по обединувањето на земјата. Бегалците од Украина влијаат на зголемувањето на бројот на доселеници.
„Ситуацијата на пазарот на станови е драматична“, рече претседателот на германското здружение на станари, Лукас Зибенкотен, пренесе ДПА.
Од друга страна, Германија има потреба од работници и тоа два милиони.Националната железничка компанија Дојче Бан оваа година планира да вработи 25.000 луѓе.
Олеснителна околност за Балканците ќе биде и тоа што има нов закон за државјанства.
