Криза за домување во Европа, и туризмот ги крева цените на становите
Според извештај на Европската комисија, цените на становите во Португалија се преценети за дури 35 oтсто, што е највисоко во Европската УнијаЕУ). Главните причини се растот на краткорочните изнајмувања, прекумерното влијание на туризмот и хроничниот недостаток на јавни станови, додека бирократијата дополнително ја забавува изградбата на нови недвижности.
Во извештајот „Домување во Европската унија: Развој на пазарот, клучни фактори и политики“, објавен во вторник, пишува дека од 2014 до 2024 година, цените на куќите во ЕУ се зголемиле во просек за 50 отсто.
Сепак, во земји како Унгарија, Литванија, Чешка, Португалија, Естонија, Бугарија и Полска, номиналниот раст надмина 200 отсто.
Главните причини за кризата со домувањето вклучуваат високи каматни стапки, зголемена побарувачка од побогати купувачи и инвеститори, пораст на краткорочните изнајмувања (Airbnb) и недостаток на нови станови.
foto Wikipedia/Deensel