КРИЗА ВО СЕВЕРНО КОСОВО: Од 1 јули продавниците и пекарите нема да работат
Како што изјавува Радош Петровиќ, Претседателoт на Здружението на стопанственици во северно Косово, од 1 јули сите продавници за храна и пекари нема да работат, јавува Газета Експресс.
Радош Петровиќ, изјавил дека од понеделник, 1 јули, продавниците за храна, киосците, па дури и пекарите нема да работат во овој дел од Митровица поради тоа што српската заедница е под тотална блокада, оставена без основни животни намирници.
Директорот на Клиничкиот Центар во Косовска Митровица, доктор Милан Ивановиќ вели дека ова се прави плански и Приштина сака да го исели целиот српски народ
.„Болниците работат како умеат, а лекови и санитетски материјал се носат со возилата за брза помош додека итните случаи ќе мораат да се пренесат во болниците во Србија“, вели тој.
Петровиќ пак за српските медиуми вели дека царините од 100 отсто на производи од Србија ги довеле жителите на север во Косово на раб на хуманитарна катастрофа.
Во аптеките веќе 10 денови не стигнуваат пратки со лекови.
