Криза го тресе Фолксваген, откази за 30 илјади работници
Германскиот автомобилски бренд Фолксваген најави дека ќе мора да ги намали трошоците на компанијата со тоа што ќе бидат скратени 30 илјади работни места. Околу 23 илјади работници ќе бидат отпуштени во Германија, а остатокот во Бразил и Аргентина. Со отпуштањата се очекува да се заштедат околу 3,7 илијарди годишно со почеток од 2020 година.
Ова доаѓа откако Фолксваген западна во финансиска криза со мега скандалот во САД каде беше откриено дека манипулирале на тестовите за мерење на штетноста на издувните гасови од нивните возила со специјален софтвер, по што им се заканува огромна казна која може да достигне и 13 милијарди долари. Компанијата исто така е под истрага и во Европа.
Слично
