КРИЗА: Дали на Грција и претстојат предвремени избори
Грчкиот парламент не успеа да избере претседател на државата ниту во вториот круг од изборите, пренесе грчката агенција „АНА“.
За кандидатот на конзервативната влада, Ставрос Димас, гласале 168 пратеници, а за избор на претседател потребни се најмалку 200 колку што всушност изнесува и двотретинското мнозинство.
Третата и последна рунда избори закажана е за 29 декември, кога за избор на нов претседател ќе бидат потребни помалку гласови односно 180 од 300.
Доколку не биде избран нов шеф на државата, парламентот ќе биде распуштен и во рок од еден месец треба да бидат повикани вонредни избори, пренесува „АП“.
На Владата за избор на Димас потребна и е поддршката од опозицијата, која за возврат побарала повикување предвремени избори кон крајот на идната година.
Левичарската партија Сириза, која според анкетите ужива најголема популарност, бара изборите да бидат веднаш распишани по што државата повторно ќе мора да ја разработи програмата за излез од кризата.
Слично
