„Кривиот пишува кривични” – порака на денешниот протест
„Кривиот пишува кривични" е пораката на денешниот протест на „Шарената револуција“.
Голем број граѓани и попладнево се собраа пред СЈО, институција на која и даваат поддршка.
„Начинот како се распределуваат времето и приоритетите на државните институции значи политика. Сè додека криминалци шетаат слободно, а полицијата се занимава со тоа кој ги бои институциите, ќе сметаме дека полицијата е злоупотребена. Ќе сметаме дека работи за приватни интереси! #Протестирам против злоупотреба на полицијата за пресметка со граѓан(к)ите кои протестираат за правда! #Протестирам против гонењето на нашите соборки и соборци!“- велат од „Протестирам“.
Тие бараат да се повлече целосно аболицијата, да има Специјално јавно обвинителство ослободено од грижата дека може да биде Уставно укинато, да има чесни судии со интегритет, како што има специјални обвинители полни со интегритет. Денеска е 52-ри ден од почетокот на протестите.
