Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривично гонење за напад врз лекар

Кривично гонење за напад врз лекар

Министерот за здравство, Никола Тодоров денеска по повод Светскиот ден на здравјето изјави дека со измените на законот, во иднина нападите врз лекарите ќе се третираат кривично.

Овие дејствија ќе бидат санкционирани според одредбата за напад врз службено лице.

„Во делот на заштитата на лекарите ваква законска одредба постои, ја вметнавме со измените на Законот за здравствена заштита, со која предвидовме дека напад на лекар се смета за напад на службено лице, што значи дека казната за напад на лекар е исклучително висока. Исто како да се нападне друго овластено службено лице за што има повисоки санкции од обичен напад. Ако има такви напади, тие ќе бидат санкционирани согласно овој закон. Законот е донесен во овој сегмент и стапен на сила и секој напад на лекар се смета за напад на службено лице и се казнува согласно тој закон. Тоа е кривично дело“ - изјави Тодоров.

Од македонското лекарско друштво бараат двојно да се казнуваат напаѓачите на лекарите.

Слично

Поврзани вести