Кривичниот совет решава за жалбите на СЈО, продолжуваат и сослушувањата на осомничените!
Како што информиравме, Основниот суд Скопје 1 ги одби барањата на специјалното јавно обвинителство заопределување на притвор за осомничените во акцијата Титаник.
Оваа одлука беше обжалена од СЈО кое веднаш по оваа одлука на судот поднесе жалби .
Денеска во Кривичниот суд продолжува сослушувањето на осомничените а пред судија на претходна постапка треба да се појави лицето И.Г.
Осомничениот, според договорот со судија на претходна постапка и со обвинителот што го издал предлогот, треба да се јави денеска во Судот за да може да постапува Судот по предлогот на СЈО.
Инаку Кривичниот совет треба да донесе и одлука за жалбите поднесени од специјалното јавно обвинителство, откако Судот ги одби барањата за определување притвор на осум лица .
