Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривични пријави за компаниите кои не исплатиле регрес за годишен одмор

Кривични пријави за компаниите кои не исплатиле регрес за годишен одмор
По само две недели од истекот на рокот за исплата на регрес за годишен одмор 70 лица се пожалиле до Државниот инспекторат за труд дека парите не им биле исплатени. Од овие 70 пријави, само осум биле анонимни, а останатите јавни. Ваквата информација доаѓа од Инспекторатот од каде очекуваат ваквиот број значително да порасне во наредните денови. „Пријавите се, главно, од работници кои работеле по шест месеци во фирмите, но откако им престанал работниот однос, регресот за годишен одмор не им бил исплатен. Засега има само 70 пријави, но поминаа само две недели од изминувањето на рокот. Очекуваме во наредните денови да има уште пријави“, велат од инспекторатот. Откако граѓаните ќе пријават дека не им е исплатен регресот, инспекторатот проверува и ако навистина работникот ги исполнувал условите за К15, а не му бил исплатен, носи решение со кое ѝ наложува на компанијата да го исплати регресот. Ако и покрај тоа фирмата не постапи според решението, инспекторатот поднесува барање за поведување прекршочна постапка против компанијата. Претседателот на ССК, Живко Мукаетов истакна дека работодавците кои ќе си ги побараат назад парите за К-15 од своите вработени исто така ќе се соочат со кривични пријави за изигрување на законот, и најави дека за откривање на ваквите малверзации поддршка ќе побара и од Управата за јавни приходи. До сега кривични претставки биле адресирани до 74 фирми кои не го почитувале законот за исплата на регрес за годишен одмор, а како што соопшуваат надлежните, најголем број прекршители регистрирани се во текстилната индустрија, како и голем број брокерски друштва и ресторани. Според законските регулативи за работодавците кои нема да исплатат регрес за годишен одмор предвидени се глоби во висина 3.000 до 4.000 илјади евра. Во казнената регулатива предвидено е глоба од 2.000 до 3.000 илјади евра да плати фирмата додека парична казна во висина од 500 до 1.000 евра ќе плати одговорното лице кај работодавачот.  
Слично

Поврзани вести