Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривична за Грчев за злоупотреба на службена положба

Кривична за Грчев за злоупотреба на службена положба

Професорот Мирослав Грчев е повикан во просториите на Основното Јавно обвинителство во понеделник, како пријавен за злоупотреба на службена положба и овластувања

На што точно се однесува кривичната пријава, професорот Грчев не знае. Тајмингот е директно дел од оваа оркестрирана акција за инкриминација на СЈО и мене како вешто лице, судски вештак, вели тој.

„Тоа е идејата на оваа глупост, но јас ниту сум бил на некаква функција од каде може да се прават злоупотреби, а не дај боже да направам нешто. Тоа е фабрикувана и монтирана пријава“- изјави Грчев за Фокус.

Пред неколку дена Aрхитектонскиот факултет го посетија неколку инспекции, кои бараа документи во врска со работењето на Грчев како судски вештак. Тој е ангажиран од Архитектонскиот факултет да биде вешто лице во случајот „ТНТ“ кој го води Специјалното јавно обвинителство за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и лидер на ПЕИ, Фијат Цаноски.

Слично

Поврзани вести