Кривична пријава за возачот на „Струмица експрес“ што предизвика несреќа со воз
Возачот на автобусот на „Струмица експрес“ заработи кривична пријава за вчерашната несреќа во која автобусот со кој управувал се судри со воз на патот Штип-Велес.
Првичната истрага утврдила дека возачот се обидел да ја заобиколи рампата која сигнализирала поминување на возот и со тоа директно ја предизвикал несреќата во која беа повредени над 30 лица.
54-годишниот возач денеска дал исказ пред истражен судија, но се уште не се познати причините зошто се одлучил на ризичниот чекор и ги довел во сериозна опасност патниците.
Обвинителството побарало на шоферот да му биде одредена и мерка притвор. Состојбата на повредените патници денеска се подобрува.
Слично
