Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривична пријава за Јакимовски, бизнис или политички реваншизам?

Кривична пријава за Јакимовски, бизнис или политички реваншизам?
„Ур­бан ин­вест“ под­не­се кри­вич­на при­ја­ва про­тив гра­до­на­чал­ни­кот Ја­ки­мов­ски за на­вод­на ко­руп­ци­ја. Од оп­шти­на­та, пак об­јас­ни­ја де­ка всуш­ност ста­ну­ва збор за ре­ван­ши­зам од фир­ма­та, за­тоа што по­ра­ди не­про­фе­си­о­на­ли­зам и доц­не­ње во гра­де­ње­то, до­го­во­рот ѝ бил рас­ки­нат и од фир­ма­та е по­ба­ра­на на­до­мест на ште­та. Утрото, осамна веста дека Гра­до­на­чал­ни­кот на Кар­пош, Стев­чо Ја­ки­мов­ски и оп­шти­на­та до­би­ја кри­вич­на при­ја­ва од стра­на на „Ур­бан ин­вест“ од Ка­ва­дар­ци за зло­у­по­тре­ба на служ­бе­на­та по­лож­ба и ов­ла­сту­ва­ње. Од фирмата „Ур­бан ин­вест“ соопштија де­ка учес­тву­ва­ле во по­стап­ка за Ре­кон­струк­ци­ја на пла­то „Мле­чен ре­сто­ран“, во ко­ја учес­тву­вал и друг по­ну­ду­вач, кој спо­ред нивното соопштение, бил из­бран за најповолен понудувач по­ра­ди нај­ни­ска це­на. „Уви­дов­ме де­ка плоч­ки­те кои из­ве­ду­ва­чот ги вгра­дил не се сог­лас­но ба­ра­ни­те ка­ра­кте­ри­сти­ки, не се гра­нит­ни плоч­ки, ту­ку се ра­бо­ти за те­ра­цо плоч­ки“, ве­лат од „Ур­бан ин­вест“. Според нив со тоа оште­те­на би­ла и оп­шти­на­та и Ур­бан Ин­вест. Валкана кампања и реваншизам За Општина Карпош, пак ста­ну­ва збор за вал­ка­на политичка кам­па­ња и реваншизам. Об­јас­ну­ва­ат де­ка фир­ма­та „Ур­бан ин­вест“, ја поч­на­ла ре­кон­струк­ци­ја­та на пла­то­то „Млечен“, која била до­би­е­на на јав­но рас­пи­ша­ни­от тен­дер. Но, по­ра­ди, како што се вели во соопштението, несериозноста на фирмата и го­ле­ми­те доц­не­ња во ра­бо­та­та, Кар­пош не само што го рас­ки­нал до­го­во­рот туку по­ба­рал и на­до­мест на ште­та. „Иста­та фир­ма во те­кот на ра­бо­та­та се од­не­су­ва­ше не­од­го­вор­но, не­ор­га­ни­зи­ра­но и ра­бо­те­ше со не­со­од­ве­тен стру­чен ка­дар. Во не­кол­ку на­вра­ти по­ра­ди не­со­од­вет­на­та ди­на­ми­ка во ра­бо­те­ње­то и не­се­ри­оз­но­то од­не­су­ва­ње при из­ве­ду­ва­ње­то на гра­деж­ни­те ра­бо­ти, бе­ше по­ви­ка­на на усмени со­ста­но­ци во Оп­шти­на­та, а бе­ше пре­ду­пре­де­на и во пис­ме­на фор­ма. Мал­тре­ти­ра­ње­то на жи­те­ли­те на овој дел од Кар­пош и ре­ак­ци­и­те беа со­се­ма оправ­да­ни уви­дов­ме де­ка „Ур­бан ин­вест“ не е ни бли­ску до за­вр­шу­ва­ње­то на ра­бо­ти­те и не­ма шан­си тоа да го сто­ри во пред­ви­де­ни­от рок, се ве­ли во со­оп­ште­ни­е­то од Кар­пош, и се додава дека по­ра­ди тоа, го рас­ки­нале до­го­во­рот и до над­леж­ни­от суд под­неле туж­бе­но ба­ра­ње за не­со­од­вет­но од­не­су­ва­ње и на­до­ме­сток на ште­та, од стра­на на Ур­бан ин­вест“. Од општината велат дека „Ур­бан ин­вест“ е фир­ма од ко­ја мно­гу ин­ве­сти­то­ри во Кар­пош че­сто­па­ти се жа­ле­ле на не­се­ри­оз­ност во ра­бо­та­та и ло­ша­та из­вед­ба на ра­бо­ти­те кои им се до­ве­ре­ни. „Јас­ни се мо­ти­ви­те за ре­ван­ши­зам и по­ли­тич­ка дис­ква­ли­фи­ка­ци­ја, зад кои оваа фир­ма са­ка да ги при­крие сво­јот не­про­фе­си­о­на­ли­зам и из­гу­бе­ни­от кре­ди­би­ли­тет во де­лов­ни­от свет“ стои на крајот на соопштението од Карпош.
Слично

Поврзани вести