Кривична пријава против сопругот на Шеќеринска, се бара одземање на пасошот
По поднесената кривична пријава против бизнисменот Божидар Јанковски - сопруг на заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, јавното обвинителство поднесе предлог за определување на мерки на претпазливост.
Јавното обвинителство бара одземање на патната исправа на Јанковски и обврска за повремено пријавување во суд.
Тој се сомничи дека злоупотребувајќи ја службената положба и овластување, како службено лице вршел закуп на станови на кој се јавува како приватен сопственик. При тоа, по вршење на закупот, просториите не биле користени од страна на друштвото што го управувал.
„Во временскиот период од 2014 година до сега, од страна на повеќе институции пристигнати се поголем број други известувања, податоци и писмена документација. Со поднесената кривична пријава доставени се и нови докази што го подигаат степенот на основаноста на сомнението дека кривичното дело е сторено, согласно што обвинителството и постапува“, се вели во соопштението на ЈО.
