Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривична пријава против бившиот локален тим на Злетово и Тораница

Кривична пријава против бившиот локален тим на Злетово и Тораница

До Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава против Иван Јовановски и Билјана Црвенковска Јовановска, бивши локални консултанти на рудниците Злетово и Тораница, заради сторено кривично дело, даночно затајување.

Пријавата е поднесена од правниот застапник на компанијата Индо минерали и метали. Двајцата обвинети во период од 2007 до 2013 година затаиле и не платиле персонален данок на доход, Иван Јовановски во износ од 244.657,00 евра а Билјана Црвенковска Јовановска на износ од 469.000,00 американски долари.

Сопружниците, Јовановски и второпријавената Црвенковска Јовановска, од 2007 до 2013 година хонорарите за консултантските договори за менаџирање со рудниците за олово и цинк Злетово и Тораница, ги пренеле во соседна Грција и во Дубаи. Со ова обвинетите го оштетиле Буџетот на Република Македонија и го сториле кривичното дело „Даночно затајување“ од член 279 ст. 2 вв ст. 1 од Кривичниот законик на РМ вв чл. 22. вв чл. 45 од Кривичниот законик на РМ.

Слично

Поврзани вести