Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРАМА ВО ХИПОДРОМ: Мајката која си го фрли синот од зграда, ќе одговара за убиство во обид

ДРАМА ВО ХИПОДРОМ: Мајката која си го фрли синот од зграда, ќе одговара за убиство во обид

Кривична пријава е поднесена против мајката која минатиот месец го фрли од балкон нејзиниот шестгодишен син.

Таа се товари за убиство во обид, а ќе одговара пред судот откако ќе излезе од лекување на Клиниката за трауматологија.

Драмата во населбата Хиподром беше шок за целата јавност, откако 37-годишната жена по семејната расправија, го фрли своето дете од зградата, а потоа од балконот скокна и таа.

Детето со сериозни повреди на главата беше однесено во Ургентен центар, а потоа беше пуштено на домашно лекување.

Случајот во полиција го пријавил нејзиниот кој на полицајците им раскажал дека неговата сопруга која била психички растроена, се заканувала дека ќе му наштети на нивното дете и себе си.

Слично

Поврзани вести