Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривична пријава и за директорот на Макпетрол

Кривична пријава и за директорот на Макпетрол

МВР поднесе кривична пријава против 21 лице и ги сомничи за наводно незаконско прелевање на капитал од акционерското друштво Макпетрол во Командитното друштво со акции Оилко.

Осомничен е и директорот на Макпетрол и членови од Управниот и Надзорниот одбор и државни службеници.

Тие се товарат за наводна злоупотреба на службената положба и овластувања, со која според МВР ги оштетиле акционерите на Макпетрол.

Од Mакпетрол пак, велат дека пријавата од МВР е тенденциозна, случајот е чист без да му се наштети ниту еден акционер.

„Целата постапка е извршена според законските прописи и легално и нема ниту една повреда на законот. Претпоставка е дека актуелната кривична пријава на МВР е тенденциозна и дека е поднесена заради загубен судски спор во кој се утврди незаконско оданочување на водечките луѓе од Макепетрол. Со последната судска пресуда УЈП е должна да ги врати парите за незаконско оданочување“, сметаат од Макпетрол.

Слично

Поврзани вести