Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривичен суд: Секој има право да го изрази незадоволството преку протест

Кривичен суд: Секој има право да го изрази незадоволството преку протест

Од Кривичниот суд велат дека демократско право на секој граѓанин на Република Македонија е да го изрази своето незадоволство преку јавен протест.

Од судот објаснуваат дека нема ништо спорно во тоа граѓаните да протестираат мирно.

„Овој суд и досега ги осудувал насилните протести, јавните настапи како и обидите преку закани кон судии со водење кривични постапки и кривични пријави против истите за нивното искажано мислење во судска одлука што е неприкосновано уставно и со закон загарантирано право на судиите своето мислење да го искажат во својата одлука“-информираат од судот.

ГДОМ денеска заедно со неколку стотици граѓани, меѓу кои имаше и неколку градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, протестираа за да му дадат поддршка на битолскиот градоначалник, Владимир Талески осомничен во случајот „Транспортер“ за злоупотреби со превоз на ученици.

Од ГДОМ предадоа и декларација за поддршка до судовите. Тие кажаа дека граѓани ќе влезат во судот и ќе побараат одговори ако судот носи одлуки под притисок.

Слично

Поврзани вести