Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривичен и Врховен се скараа за „Диво насеље“

Кривичен и Врховен се скараа за „Диво насеље“

Од Кривичен суд информираат дека главната расправа за случајот „Диво насеље“ закажана за денеска е одложена, бидејќи судската полиција на Врховниот суд не им дозволи влез во судската сала на адвокатите, роднините и на новинарите.

Со ова не беа создадени услови за одржување на расправата.  Потсетуваат дека судската сала во Врховниот суд со одлука на Влада од пред две недели му е доделена на времено користење на Кривичниот суд за оваа постапка. Од Основниот суд Скопје 1 информираат дека ја опремиле салата со техника за аудио и видео снимање на судењето, за што ги известиле претседателите на Врховниот суд, Апелацискиот суд Скопје и на Основниот суд Скопје 2 со што, како што додаваат.

„Но, ништо од наведеното не беше испочитувано од страна на Врховниот суд на РМ“- се вели во соопштението од Основниот суд  Скопје 1 – Скопје.

Овие информации им се пренесени на адвокатите на обвинетите.

Врховниот суд  соопшти дека не е надлежен за организација на судењето за предметот „Диво насеље“.

„Врховниот суд на Република Македонија и судската полиција на овој суд немаат никаква надлежност во однос на организацијата на судењето за предметот „Диво насеље“ кое се одржува во свечената сала на судот. Салата е дадена на времено користење на Основниот суд Скопје 1 Скопје за период од шест месеци, со одлука на Владата на Република Македонија“- се вели во денешното соопштение.

Се наведува дека одобренијата за следење и снимање од страна на медиумите, кои ги дава овој суд, ќе важат и за идната главна расправа.

Слично

Поврзани вести