Економија, финансии, бизнис

Контакт

Критики за условите и третманот во затворите

Критики за условите и третманот во затворите
Комитетот за превенција на тортурата  на Советот на Европа, има низа забелешки за условите и третманот во македонските затвори. Ова е наведено во извештајот по петтата периодична посета на  Македонија, за време на која е оценуван напредокот постигнат по посетите на КПТ од 2010 и 2011 година. Како што стои во извештајот,  не е постигнат голем напредок за подобрување на условите во затворите, а во многу аспекти, ситуацијата е влошена, особено во однос на затворот  Идризово и Воспитно-поправната установа „Тетово". Препораките за подобрувањето на животните услови на лица во психијатриските и социјалните установи и правните гаранции за заштита на лицата ставени во нив, не биле земени во предвид. КПТ потенцира дека постојаното неспроведување на препораките што ги дава, може да доведе до јавна декларација во која ќе биде укорена Македонија. Имало забелешки за физичко малтретирање од  полициски службеници, особено при приведување.  Комитетот дава препораки за улогата на обвинителите и судиите во спречувањето на малтретирањето. Комитетот е загрижен од условите во посетените затвори. Делегацијата  констатира дека има насилството меѓу затворениците во затворот Идризово. Новодојдените затвореници осудени за сексуални престапи се малтретирани од  другите затвореници. Нема наводи за лошо постапување од страна на персоналот во затворите во Тетово, Куманово и Охрид, а само неколку обвинувања се примени во истражното одделение на затворот во Скопје. Во повеќето од деветте посетени полициски установи, материјалните услови се под стандардите. Се препорачува да се зголеми бројот на вработени, да се подобрат условите и здравствената заштита.
Слично

Поврзани вести