Економија, финансии, бизнис

Контакт

Критика од бугарскиот министер до Британците: Бугарите не се просјаци!

Критика од бугарскиот министер до Британците: Бугарите не се просјаци!
Остра критика за британските напори за запирање на мигрантите од земјите од Европската унија упати бугарскиот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин. Според него ова е неоснована британската „хистерија“, а Бугарите, како што рече,  не просат во Велика Британија. „Тие не го искористуваат системот на социјална помош, туку придонесуваат повеќе отколку што добиваат. Поголем дел од нив се високо образовани професионалци на добро платени работи. Останатите собираат трошки од пазарот вршејќи физички и слабо пратени работи кои Британците не можат или не сакаат да ги извршуваат“, истакна Вигенин кој пред неколку дена ја откажа посетата на Лондон. Вчета британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека ќе носи прописи за забрана мигрантите од останатите земји од ЕУ во делот на помош за сместување и помош за првите три месеци од невработеноста. Овој потегот е дел од пакетот рестриктивни мерки кои  ги соопшти минатиот месец. Гританците се плашат дека ќе има наплив од Романци и Бугари, кои идната година ќе можат без ограничувања да живеат и работат во Британија.
Слично

Поврзани вести