Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРИТИЧНО ВО БУГАРИЈА: Имаат 310 починати од корона за 24 часа

КРИТИЧНО ВО БУГАРИЈА: Имаат 310 починати од корона за 24 часа

Критична е епидемиолошката состојба во Бугарија, каде за 24 часа починаа 310 луѓе. 

Земјата има 6.007 нови случаи и 310 починати за едно деноноќие.  Бугарија во изминатите две седмици ја има и највисоката стапка на смртност од ковид-19 во Европската Унија.

Во бугарските болници моментално се сместени повеќе од 8.000 ковид пациенти. Бугарија денеска ја надмина бројката од вкупно 24.000 починати од ковид-19. Бугарија има најнизок процент на вакцинирано население во ЕУ.

Секој четврти возрасен жител во Бугарија  е вакциниран. Вирусот и во Србија е надвор од контрола. Во Србија се потврдени 7.111 нови случаи, а 60 луѓе починале.

Слично

Поврзани вести