Економија, финансии, бизнис

Контакт

Критична зона меѓу Прилеп и Кичево, избегната авионска катастрофа на македонското небо!

Критична зона меѓу Прилеп и Кичево, избегната авионска катастрофа на македонското небо!
Македонија си има силна предисторија со авионските несреќи, па би било добро доколку и последниот случај се испита до крај, сметаат експертите за да не ни се случи некој нов Пал ер, Авиоимпекс, или пак несреќа со некое државно летало. На 7 мај два патнички авиони, кои вршеле прелет над Македонија, за малку избегнале директен судир, јави Алфа во вчерашните вести. Телевизијата известува дека станува збор за авионите на компаниите „Easyjat“ и „Shamrock Airlines“, а сударот е избегнат благодарение на авионските уреди кои сигнализираат опасност од приближување на друг авион. Инцидентот се случил на потегот помеѓу Прилеп и Кичево. Авионите биле оддалечени само 800 метри еден оддруг, што се смета за небезбедна дистанца. По барање на двете компании Еуроконтрол започна истрага. Компаниите според информациите на Алфа се пожалиле дека во критичниот момент пилотите на двете летала имале инструкции да не ја менуваат предвидената рута. Тоа се разбира можело да биде кобно. Од Агенцијата за цивилно воздухопловство за Алфа телевизија потврдија дека нивни инспектори го истражуваат случајот и дека се работи на утврдување на причините. Паралелно бил формиран тим и во Македонска навигација, каде, исто така, во тек е интерна истрага околу инцидентот. Во Македонија досега се случија повеќе авионски или хеликоптерски несреќи. Во кус период од една година во деведесетите се урнаа авионите на Пал Ер Макеоднија и на Авиоимпекс, едниот нкај Скопје, другиот кај Охрид. Се уште се води истрага за несреќата на претседателскиот авион во кој загина претседателот Борис Трајковски, а пред неколку години хеликоптер полн со македонски мировници од Босна се урна во близина на Куманово.
Слично

Поврзани вести