Кристофер Ивон: 24 декември да биде поука за политичките лидери
Македонските политички лидери треба да ја научат лекцијата од настаните кои се случија на 24 декевври, вели британскиот амбасадор Кристофер Ивон во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
„Клучните работи од извештајот на комисијата се препораките, а целта која јас ја гледам со донесувањето на извештајот е да се осигураме дека настаните кои ги видовме на 24 декември на нашите телевизиски екрани, нема да се повторат. И дека постои напор од политичките лидери на сите партии да направат сè што можат за да ја научат лекцијата од 24 декември. Мислам дека тоа е вистинската цел на извештајот, особено во делот на препораките. Мислам дека она на што треба да се внимава е како тој се спроведува. Извештајот секако го поседуваат политичките партии во Македонија и тој е во интерес на граѓаните на Македонија, но секако таму каде што Британија има право на глас во дискусиите на Европската унија, ќе бидеме многу внимателни како напредува спроведувањето на извештајот. Тоа ќе биде показател за идните извештаи за напредок и нивната содржина, се разбира доколку сè уште ги има“, вели Кристофер.
Во однос на октомврискиот извештај на Европската унија за напредокот на Македонија тој очекува точен, фер и балансиран извептај, како во однос на областите каде бил постигнат напредок во изминатите години, така и онаму каде што се бара натомошен напредок.
„Мислам дека би било невообичаено за ваков извештај да не посочува области на кои им треба натамошен развој. На нив не треба да се гледа како на критика или неуспех, туку како на области на кои треба повеќе да се работи. На пример политичкиот дијалог беше споменуван во претходните извештаи, го споменавте 24 декември, на некој начин мислам дека месеците веднаш потоа покажаа дека политичкиот дијалог не беше цврст како што може, како и да е, комисијата за истрага донесе извештај, а напредокот што заврши со формирање на работна група покажува дека постојат области во кои политичкиот дијалог може да функционира успешно. И тоа се тие балансирани проценки кои очекувам да ги видам во извештајот за напредокот“, вели Амбададаротт за Радио Слободна Европа.
Слично
