Кристин Лагард: Средната класа е најголем губитник
На средната класа и се заканува растечката нееднаквост. Тие се најголемите губитници. Ова го изјавил директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за време на Светскиот економски форум во Давос, каде што се одржа самитот, пишува весникот New Europe.
На самитот пред лидерите беа претставени трендовите во глобалната политика и економија. Секоја година, Форумот прави изненадувања, оваа исто така не беше исклучок, пишува уште весникот.
Лагард, која ја предводи една од најконтроверзните меѓународни институции ја поврзува социјалната аномалија со растечкиот феномен на популизмот. Нејзината изјава сепак не е нешто ново за европските граѓани, особено оние во јужниот дел на Европа.
Откако Европската унија (ЕУ) беше погодена од економска криза, блокот одлучи да се справи со проблемот преку програми за штедење. Меѓу земјите на кои им беа наметнати методи за финансиска дисциплина, се Грција, Шпанија, Италија, Португалија, Ирска.
Резултатите од нив се нееднаквост и осиромашување на средната класа. Малиот и среден бизнис беше уништен од економиите кои всушност беа поддржани и од ММФ.
