Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кристалите „Сваровски“ ќе се произведуваат во Србија

Кристалите „Сваровски“ ќе се произведуваат во Србија
Австриската компанија за производство на луксузно изработени кристали ќе отвори ново седиште за производство во Суботица, Србија, а истовремено ќе инвестира и во австриската провинција Тирол. Претстедателот на Стопанската Комора на Србија Марко Чадеж изјави дека австриската компанија подолго време барала нова локација за производство на своите кристали, и дека Србија на почетокот воопшто не била на листата на потенцијални локации. Според него, ова е особено важна вест бидејќи не само што во земјата ќе инвестира голем австриски производител, туку и дека ова ќе ја направи Србија попривлечна локација за останатите светски инвеститори. Инаку, досегашните фабрички погони во Чешка и Кина ќе се затворат, со тоа што од чешкиот погон 75 лица ќе ја загубат својата работа, а во Кина ќе ја загубат 200.   Љ.Н.
Слично

Поврзани вести