Кристалина Георгиева пофали земја од регионот дека е меѓу најбрзорастечките економии во Европа
Директорка на Меѓународниот монетарен фонд(ММФ), Кристалина Георгиева изјави дека Албанија е меѓу земјите со најбрзорастечки економски раст во Европа.
„Со Централна банка на Албанија на нејзина страна, секогаш посветена на одржување на стабилноста и довербата на јавноста, денеска, Албанија се рангира меѓу најбрзо растечките економии во Европа, што е доказ за непоколеблив напредок и постојано зголемување на одржливоста. Во ова достигнување, Банката на Албанија одигра клучна улога, благодарение на нејзината посветеност на здрави монетарни политики, регулаторна рамка и институционална транспарентност“, посочи шефицата на ММФ, пренесува АТА.
На крајот, таа рече дека ММФ ќе продолжи да биде постојан партнер и ќе даде поддршка на патување на Албанија кон ЕУ.
