Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРИС БЕРИ, СОПСТВЕНИК НА ACCENTURE: Има сигурен рецепт како да свртите милиони во Силиконската долина

КРИС БЕРИ, СОПСТВЕНИК НА ACCENTURE: Има сигурен рецепт како да свртите милиони во Силиконската долина

Делувај глобално или умри локално – ова можеби го слушнале и нашите претприемачи ама во практика малку се спроведува. Основачите на успешни стартап компании тоа најдобро го знаат. А како може да свртите милиони па и милијарди  дури и во Силиконската долина зборува во ексклузивен разговар за Фактор, Крис Бери коосновач на US Market Access Center и основач на Accenture, најголемата консултантска компанија во светот со обрт од над 4 милијарди долари и повеќе од 30.000 вработени. Бери беше во Македонија на покана на Фондот за иновации и технолошки развој. Го прашав прво за македонскиот контекст – овде не се отвораат многу стартапи, извозот е најмногу од големите компании, а растот, кој патем е многу мал го движеа јавните инвестиции. Малите и средни фирми малку инвестираат, немаат извори на финансирање и не вложуваат во технолошки развој.

-Има голем предзивик во мали економии како што е Македонија, иако таа не е единствена земја со мала економија, сепак решението е исто за повеќето. Мора да сенајде начин да се поврзете со луѓе во другите економии. Затоа што ако сакате да продавате, ако продавате за компанија во Велика Британија, на пример, односно ако муштерија ви е компанија од Кралството тогаш мора да најдете врска за да бидете во можност да го реализиррате планот, па да знаете со кого да разговарате, како да се согласат на состанок. Поминавме многу време во мислење на тоа каков треба да биде овој концепт на глобално поврзување. Тоа е еден од најголемите предизвици за стартапите, иако истото важи и за малите и средни претпријатија особено во места како што е Македонија. Глобалните врски навистина им недостигаат.

ВО ПОТРАГА ПО МУШТЕРИИ НАДВОР

Но тоа не е толку едноставно, велите и самите. Како?

-Не е едноставно, но рецептот е само тој. Едно од критичките поенти на Владите, универзитетите, приватниот сектор, иницијативите на индивидуите или од било каде доаѓаат парите во овие земји е целосно да се фокусираат да сесоздаваат тие мостови на конекции со други места. Без тие конекции нема да бидете во можност да создате економија која ќе биде водена од раст кој е базиран на извозот, нешто што им треба на земји како што е Македонија за да продолжи со еволуцијата, со развојот.

Овде има малку инкубатори, акцелератори, многу малку стартапи почнуваат и егзистираат така. Каква стратегија ни е потребна?

-Треба да креирате неколку успешни стории, приказни. Ништо не ве рекламира како успехот. Ако има некоја иницијатива околу или во некој акцелератор, многу е важно во првите три четири или пет години да има некоја навистина успешна приказна.Она што е добро и самиот акцелератор да има изградено е такви глобални конекции. Ако акцелераторот се промовира само тука во Македонија и работи само во земјава, можностите на компанијата да биде добра и да стане значаен извозник се навистина мали. Таква компанија нема да може да расте и да, потенцијалите ќе бидат мали. Ви треба акцелераторска програма која ќе ги содржи сите, но мора да ги внесете стартапите во други технолошки екосистеми и мора да донесете луѓе од други екосистеми тука затоа што вистинските конекции се случуваат лично. Да, имаме изворедни технологии, имаме скајп, имаме гугл хенгаутс уште многу други можности, но многу е различно. Јас и ти можеме да го правиме ова интервју по телефон или на скајп, но затоа што седиме овде лично, природата на интервјуто е различна. Вистинските врски се секогаш лични. Затоа мора надворешното да дојде тука и мора ова што е овде да оди надвор.

ВЛЕЗЕТЕ ВО АКЦЕЛЕРАТОР

Вие ако сте од Македонија како би постапиле?

-Ако јас бев основач на стартап тука во Македонија и ако имаше добар акцелератор ќе се приклучев на акцелераторот без задршка. Најдобрите акцелератори во светот прават разлика, им помагаат на компаниите да растат побрзо, да бидат попрофитабилни, им помагаат да привлечат повеќе купувачи или дапривлечат добар кадар. Но, вистинскиот предизвик е не само како ќе го направам тоа во локален контекст, туку како ќе го сторам тоана глобален контекст, затоа што, тоа ќе биде она што ќе го барам. Значи не само кој ќе ме претстави до купувачите овде туку кој ќе ме претстави на купувачите низ цел свет.

Која може да биде улогата на Владата во развојот на новите компании?

-Не сум запознаен што прави Владата овде, но ако се погледнат најдобрите практики во земјите насекаде во светот, владите направија доста добра работа со поддршката.Првата работа што треба да се направи е да се справат со регулативата. Мора да погледнат во сите фактори, односно колку лесно е да сеотвори бизнис, колку лесно е да се затвори бизнис, какове законот за интелектуална сосптвеност, да се оттргнат бариерите за да можат луѓето да сакаат да основаат стартапи. Во некои земјикако што беа азиските земји, ако имавте стартап и ако тој не успееше, ќе бевте лично одоговорен за сите пари, и тоазначи дека ќе бевте банкрот за целиот твој живот. Тоа не ги охрабруваше луѓето да отвораат стартапи. Другиот дел е дека владите може да имаат голема улога во креирање атрактивна клима за инвестирање.

По тие показатели ние имавме добри резултати , па и даночни ослободувања за странски инвеститори, но имаме и корупција исто така...

-Корупцијата и атрактивноста не одат заедно. Не знам за детали, но може да се дадат даночни ослободувања и за инвеститорите, тоа е добро. Во земја во Азија во која работевме, со венчр фонд (venture fund), ако инвестираш пари во венчр фонд државата даваше даночни олеснувања на годишно ниво за вложувањта во фондот, не за 5 години, туку веднаш и тоа е охрабрување за да се ставаат пари во венчр фондот. Стартапите не плаќаат данок на добивка на нивниот профит за одреден број години, што ја прави компанијата потенцијално попрофитабилна, поатрактивна за инвеститорите да сакаат да инвестираат. Владата може да има улога во реформирање и на образованието исто така. Во азиските земји исто така има примери ако дипломирете на инженерските науки, мора да иматечас и во претприемништво. Владата може да им наложи на високите образовни институции да имаат повеќе часови за претприемништво и за иновации, плус може да помогне да сеосноваат акцелератори. Владата не треба да бидеединствениот фонд од каде ќе доаѓаат парите, но може да помогне и даима улога како катализаторите во хемиските процеси на пример.

ЕВЕ КАКО ИНВЕСТИЦИЈАТА СЕ ВРАЌА ДЕСЕТКРАТНО

Банките генерално малку поддржуваат стартапи. Од каде да се најдат извори на финансирање?

-Изворите на финансии се проблем, но веќе ме прашавте за улогата на Владата. Па Владатаможе да гарантира за кредити кои ги земаат компаниите, а ако гарантира Владата тогаш банката ќе може да понуди пониска камата затоа што има гаранција дека парите ќе бидат вратени без оглед на се. Сепак точно е, на крајот на денот, банките се банки и тие ќе направат се каматната стапка да им одговара за да направат профит. Поентата со венчр капиталот од друга страна, е што таму има друга математика. Венчр капиталот прифаќа дека ќе има компании кои нема да успеат, но компаниите кои ќе работат, нема да имаат 10 отсто поврат на инвестицијата, туку 10 пати повеќе од вложеното. Затоа еден од најголемите венчр фондови во Силиконската долина инвестираше во Гитхаб (GitHub). Мајкософт го купи Гитхаб за 7, 5 милијарди долари и венчр фондот кој инвестираше 100 милиони долари во GitHab ќе има милијарди долари назад.

Кој е добар пример за раст на стартапите?

-Естонија. Тоа беше мала комунистичка економија, на крајот на Европа. Естонците зборуваат нестандарден јазик. Моментно таму има најмногу отворени стартапи по глава на жител, односно стартапите во Естонија се рок старс. Една од лекциите е дека е многу важно дека има нешто што се менува. Кај нив тоа беше скајп. Скајпот им го смени мислењето на сите.Се поврзуваат и растат.

Александра Томиќ


Слично

Поврзани вести