Криминалната власт нѐ спречи да откриеме кој го уби брат ми
Братот на починатиот Мартин Нешкоски, со отворено писмо побара специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева да го земе случајот во нејзини раце и отвори постапка за целосно расчистување на убиството на неговиот брат.
Александар Нешковски бара расветлување, на како што вели, прикривањето на убиството на неговиот брат и рече дека тој и други сведоци може да ги потврдат неговите наводи за случајот.
"Пријавените лице ги злоупотребија сите механизми и сета моќ кои им беа на располагање и успеаја да креират една лага во која никој повеќе не верува. Во прикривањето на фактите учествуваа многу поголем број луѓе, преку фингирање на истрагата, лажно сведочење, различни притисоци и обиди за поткуп а јас сум сигурен дека правилно спроведената истрага, може да ја потврди нивната инволвираност" - пишува Нешкоски во писмото до Јанева.
Слично

