Криминалната група ја нападнала полицијата со бомби и снајпери!
Портпаролот Иво Котевски на денешната прес конференција не откри дали има жртви во полициската акција организирана утрово,истакнувајќи дека ситуацијата е чувствителна и во моментот ги информираат семејствата.
Котевски само посочи дека полицијата во утринските часови имала акција за разбивање на терористичка група.
- Во државата, пред неколку дена влегле добро вооружени и подготвени за ваквиот напад. Акцијата на полицијата да ја разбие групата наишла на жесток отпор, бидејќи биле нападнати со бомби и снајпери – истакна Котевски.
Групата имала за цел да нападне државни институции. Се криеле во „Дивата населба“, каде што поради збиеноста на куќите и тесните улички била отежната работата на полицијата, поради што морале да бидат многу внимателни.
Акцијата е се уште во тек. Нема информации околу тоа дали е некој уапсен.
Слично
