Криминален клан подготвувал ликвидација на Дритон Абазовиќ
Кавачкиот клан му подготвувал убиство на црногорскиот вицепремиер Дритон Абазовиќ.
Засилена е безбедноста на Абазовиќ, затоа што постојат индиции дека припадници на криминалниот Кавачки клан се подготвувале да го ликвидираат, објави денеска Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.
Овие информации се добиени со преземање мерки и активности за расчистување на убиството на Зоран Ашанин, кое се случи вчера во градот Мојковац.
Според полицијата, членовите на организираната криминална група и еден од неговите лидери, Слободан Кашчелан, како реакција на неговото апсење и натамошно процесуирање заради активности насочени кон извршување кривични дела на тежок и организиран криминал, сакале да го загрозат животот на Абазовиќ.
