Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крешник Бектеши најавува нови мерки по 30 април

Крешник Бектеши најавува нови мерки по 30 април

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави нови мерки за справување со инфлацијата и енергетската криза, откако граѓаните преку анкета ќе утврдат како ќе се криеираат.

„Денеска остварив работен состанок со Вишиот резидентен директор на НДИ Роберт Скот Хејзлет и Насер Бислими, програмски офицер.

Мерките и активностите кои ги превзема Министерството за економија за поддршка на домаќинствата и компаниите за справување со енергетската и економската криза и подобрување на животниот стандард на граѓаните беа темите за кои разговаравме на работниот состанок.

Исто така, се договоривме во наредниот период со поддршка на НДИ да се спроведе анкета и истражување на национално ниво за потребите и очекувањата на граѓаните и потрошувачите за економската ситуација во Северна Македонија, пред се за инфлацијата, растот на цените и трошоците за живот“, соопшти министерот.

Бектеши дополни дека, согласно резултатите од анализата и мислењето на граѓаните, ќе се дизајнираат мерките за поддршка кои ќе се донесат после 30 април годинава.


Слично

Поврзани вести