КРЕМЉ СЕ ПРАВДА: БРИКС никогаш не работел на поткопување на трети земји
Кремљ тврди дека БРИКС никогаш не работел на поткопување на други земји.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе воведе царини од 10 проценти за оние кои се согласуваат со „антиамериканската политика“ на БРИКС.
Трамп ги даде овие забелешки додека лидерите на БРИКС го почнаа самитот во Бразил во недела.
Кина исто тврди дека БРИКС не сака конфронација со ниту една држава.
БРИКС се состои од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Иран, Египет, Етиопија, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати се приклучија на почетокот на 2024 година, по што следуваше Индонезија во 2025 година.
Слично
