Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кремљ ги брани косовските Срби и вели дека барањата на Приштина се неосновани

Кремљ ги брани косовските Срби и вели дека барањата на Приштина се неосновани

Русија стои цврсто до Србија, а барањата на Приштина се неосновани, велат од Кремљ. 

Кремљ со резолуција повикува на заштита на правата на Србите на Косово и Метохија.

Руските медиуми пишуваат дека тензиите во Косово зовреле по одлуката на властите во Приштина да ги принудат Србите од Косово да ги прифатат косовски регистарски таблички и лични документи, што доведе до барикади на административните премини.

„Русија целосно стои до Србија во спорот со самопрогласената Република Косово и инсистира дека правата на Србите мора да бидат загарантирани со резолуција за овој конфликт“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков соопшти дека Москва смета дека западните земји кои ја признале независноста на Косово мора да го искористат сето свое влијание за да ги предупредат властите во покраината да не преземаат никакви непромислени чекори кои би можеле да доведат до натамошна ескалација на тензиите.

Тој додаде дека сега е можно да се избегне ескалација и дека ситуацијата е одложена само за еден месец и затоа е многу важно да се покаже претпазливост од сите страни и дека Москва бара правата на Србите кои живеат на Косово бидат почитувани.

„Ја поддржуваме мирната, конструктивна позиција (на Белград) во тој контекст, повиците за мир и конструктивизам упатени од претседателот на Србија“, рече Песков.

Европската унија е убедена дека преку дијалог меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, може да се најдат решенија и да се отстранат тензиите на Косово. 

Слично

Поврзани вести