Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кремлин и со про-руски претседател на Бугарија не се надева на нуклеарка и гасовод

Кремлин и со про-руски претседател на Бугарија не се надева на нуклеарка и гасовод

Официјално Кремлин по изборот на Румен Радев кој важи за про-руски ориентиран не се надева дека ќе се возобноват клучните енергетски проекти кои беа прекинати под притисок на Европската Унија. 

Тука се мисли на изградбата на нуклеарната централа Белене која беше доверена на руската компанија Росатом, како и за поврзување на гасоводот Јужен тек кој беше замислено да води од Црното море преку Балканот каде имаше план и за Македонија па се до европските земји. 

Радев ги доби изборите со 59 посто од гласовите, но како претседател нема големо влијание во внатрешната политика бидејќи во предност е владата која ја води главната политика на извршната власт, но и Бугарија не може да ризикува влошување на односите со Брисел и да трпи санкции поради енергетските проекти со Русија.


Слично

Поврзани вести