Креирана страница со информации за работничките права
Веб-страницата www.rabotnickiprava.mk се промовира денеска на Светскиот ден на пристојна работа - 7 октомври, со цел да понуди полесен пристап до информации за работничките права.
Важно е работниците да добијат гаранција за своите права, подобра плата, сигурност и подобри услови за работа, што мора ќе придонесе подостоинствен работен век на секој човек. Страницата е поделена во неколку категории за да работниците лесно и брзо се снајдат при пребраување.
Веб-страницата е финансирана од Европската Унија преку проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, а е реализирана од Меѓународната организација на трудот - МОТ. Со ова стартува и медиумската кампања наменета за подобра заштита на правата на работниците, и со цел обезбедување поголема нивна благосостојба.
Страницата има намена да ги едуцира и информира работниците, се со цел да бидат подобро запознаени со своите права, како брзо да реагираат и да се заштитат. Станува збор за заедничка веб-страница на сите синдикални организации во Македонија, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија, на сите нивни членови и за сите оние кои имаат потреба од заштита.
