Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кредиторите задоволни од реформите во Кипар

Кредиторите задоволни од реформите во Кипар

Кредиторите ги оценуваат позитивно реформите спроведени од кипарската влада.

Ова се вели во заедничкото соопштение на ММФ и ЕК, во кое се наведува дека во најблиско време Кипар ќе ја добие следната транша од Меѓународниот монетарен фонд.

„Главните политички реформи се прилагодени и реализирани, вклучувајќи ги и оние за скратување на високото ниво на долгот. Ова е најважниот чекор за обнова на економскиот раст и создавањето на работни места. Остварени се главните елементи од реформите што овозможуваат да направиме чекор кон финализирање на последната фаза од договорот“, се вели во соопштението.

По финансиската криза во март 2013 Кипар потпиша договор со земјите од еврозоната и ММФ за обезбедување на финансиска помош во износ од 10 милијарди евра во замена за реализација на програмата за обнова на економијата и финансискиот сектор.

Слично

Поврзани вести