Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кредиторите ќе го ублажат долгот на Грција, ако Ципрас е брз со реформите

Кредиторите ќе го ублажат долгот на Грција, ако Ципрас е брз со реформите

Европските кредитори на Грција се согласија да ги олеснат долговите на земјата, а како услов е Владата на Алексис Ципрас да успее да ги исполни навреме сите реформи потребни за обезбедување на договорената финансиска помош.

Ова го изјавил еврокомесарот за економски прашања, Пјер Московичи, цитиран од агенциите.

„Еврогрупата веќе разговара“, истакнал еврокомесарот и дополнил: „Се согласивме да го намалиме процентот на стапка (на заемот) и да се продолжи рокот на отплата. Сето ова може да се случи, кога ќе дојде време, по разговорите во програмата за помош и развој“.

Московичи истакнал исто така, дека „Грција треба да остане во еврозоната“.

Претходно за ова зборуваше и германската канцеларка Ангела Меркел. Таа се изјаснила против отпис на грчкиот долг „во класичен вид“, но во исто време не ја исклучи можноста за продолжување на падежите и намалување на каматата за нив.

Претходно словачкиот премиер Роберт Фицо изјавил дека Словачка секогаш ќе се спротивставува на простување на грчкиот долг и прва ќе побара излегување на Грција од еврозоната, ако Атина не ги почитува своите обврски.

Слично

Поврзани вести