Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кредиторите бараат отпуштање на сите даночни инспектори во Грција

Кредиторите бараат отпуштање на сите даночни инспектори во Грција
Меѓународата кредиторска тројка (Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) побарала отпуштање на сите даночни инспектори од Министерството за финансии, пренесуваат дел од  грчките медиуми. Мерката има за цел поголема ефикасност на даночните власти и искоренување на корупцијата меѓу нив. Барањето било поставено во доверлив меморандум кој го подготвува тројката. Од овој документ ќе зависи дали Атина ќе ја добие следната транша помош, а ако не се случи тоа Грција најверојатно ќе биде принудена да прогласи банкрот. Според германскиот весник „Ди Велт“, отпуштањата во Министерството за финансии може да се случат и до крајот на оваа седмица. Во исто време ќе бидат назначени 2.235 нови даночни инспектори, со кои ќе бидат склучени договори за три години без право да бидат продолжени.
Слично

Поврзани вести