Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кредитниот рејтинг на Македонија останува ББ+

Кредитниот рејтинг на Македонија останува ББ+
Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди рејтингот на Македонија на ББ+ стабилен. Во извештајот е нотиран умерениот буџетски дефицит, како и нискиот државен долг. Според агенцијата, државниот долг ќе се задржи на умерено ниво од 36 до 37 отсто до 2015 година. Фич забележува  дека Владата продолжува со капиталните инвестиции и оти странските инвестиции растат и значително придонесуваат за раст на извозот, што води до потврда на проекцијата на Владата за раст од 3,5 отсто на економијата за 2015. Спопред извештајот во однос на бизнис климата , Македонија се истакнува во условите што ги нуди за водење бизнис. Агенцијата оценува и дека банкарскиот сектор е добро капитализиран, а државната валута стабилна. Околу политичката состојбата во земјава пак, Фич очекува владеачката ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори да го зголеми бројот на пратеници и оценува дека изборите ќе се одржат во мирно окружување и нема да имаат негативно влијание на политичката состојба.  
Слично

Поврзани вести