Кредитниот рејтинг на Бугарија „шпекулативен“
Големиот буџетски дефицит на Бугарија кој е директна последица на слабиот економски раст и дефлација во земјата е една од причините поради кои Меѓуародната агенција за кредитен рејтинг „Standard and Poors“ одлучи да го намали нејзиниот кредитниот рејтинг на ниво на „шпекулативен“, односно од ивестициското ниво „ВВВ-“ на шпекулативно ниво „ВВ+“.
Во исто време намалување бележи и краткорочниот кредитен рејтинг во странска и национална валута и истиот од ниво „А-3“ е намален на ниво „В“.
Сепак, како што посочува „Standard and Poors“, рејтингот на Бугарија стабилен поради релативно ниската задолженост на јавниот сектор, а според агенцијата нискиот јавен долг ги компензира ризиците во финансискиот сектор.
Сепак, според агенцијата, секако постои можност за зголемување на рејтингот, но за тоа потребно ќе биде да се отстранат слабостите во банкарската супервизија и доколку се зголеми потенцијалот за економски раст.
Слично
