Кредитната агенција “Fitch” го усогласи рејтингот на ПроКредит Банка со кредитниот рејтинг на Македонија
Меѓународната агенција за кредитен рејтинг, “Fitch” на 19 август 2016 година го намали кредитниот рејтинг на државата Македонија на “ББ”, кое се должи на политичката криза во Македонија.
Согласно тоа, рејтингот на ПроКредит Банка е усогласен единствено поради промените на рејтингот на Македонија. Ниедна институција неможе да има повисок рејтинг од рејтингот на државата во која работи. Оценката не влијае на работењето на банката и ПроКредит продолжува да работи стабилно и сигурно. ПроКредит Банка Македонија има рејтинг уште од Ноември 2005, откога и Македонија како држава добива рејтинг.
ПроКредит Банка е единствената банка во Македонија која поседува меѓународен кредитен рејтинг од агенцијата Фич и сеуште го има највисокиот рејтинг на банка во Македонија. Рејтингот е резултат на квалитетното кредитно портфолио, навремено обезбедување на потребен капитал и висока ликвидност.
ПроКредит Банка е 100% Германска банка, дел од ПроКредит Холдинг со седиште во Франкфурт, Германија со кредитен рејтинг од БББ со стабилен изглед.
Македонија го има добиено својот прв кредитен рејтинг ББ во 2005 од страна на агенцијата Фич, врз основа на ниската стапка на инфлација и умерениот јавен долг. Во 2006 година истиот е подобрен на ББ+ поради позитивните односи со ЕУ и потенцијално членство во унијата. Веќе 10 години агенцијата Фич го потврдува овој рејтинг за Македонија се до сега, кога поради долгорочната политичка криза и намалениот економски раст се намалува кредитниот рејтинг на ББ.
