Кредитната агенција „ФИЧ“ го намали рејтингот на ПроКредит банка
Кредитната агенција Фич го намали рејтингот на ПроКредит Банка на „ББ+“ од „БББ-“.
Како што соопштуваат од оваа агенција ова се должи на намалениот рејтинг на Македонија на „ББ“ пренесе Ројтерс.
Агенцијата Фич неодамна го намали кредитниот рејтинг на Македонија за едно скалило подолу, односно од ББ плус на ББ со негативни изгледи за натамошно надолно ревидирање ако политичката криза нема разрешница. Со тоа сега земјата го има кредитниот рејтингот што го имаше во 2005 година.
Падот на рејтингот, како што се наведе тогаш е поврзан со политичката криза во земјата, која следуваше по обвинувањата за корупција од февруари 2015 година.
Екномистите анализраат дека агенцијата за кредитен рејтинг Фич дијагностицирала влошување на здравјето на македонската економија. И според нивната дијагноза ризикот за инвестирање во домашната економија (консекветно мерено преку рејтингот на долгорочните државни обврзници) е на најниско ниво од 2005 година, а изгледите за подобрување на ваквиот рејтинг во догледно време се негативни. Главната причина за влошување на кредитниот рејтинг Фич ја лоцира во политичката криза, но таа пак е последица од сплет на повеќе негативни состојби во општеството.
