Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кредити за енергетска ефикасност од ЕБРД достапни за македонските фирми

Кредити за енергетска ефикасност од ЕБРД достапни за македонските фирми
Вкупно 75 милиони евра преку кредитни линии на Европската банка за обнова из развој (ЕБРД) им се достапни на земјите од регионот за подобрување на енергетската ефикасност. За кредитите можат да аплицираат и македонски фирми, институции и општини. Дополнително, ЕБРД е подготвена со 50 милиони евра и директно да инвестира во искористување на обновливи извори на енергија. „Програмата има два дела. Директно финансирање за средно големи енергетски инвестиции и финансирање преку кредитни линии во локалните банки. Двете програми имаат цел да придонесат до успешна комбинација на инвестициите, техничката помош за да се поттикнат проекти за енергетска ефикасност и за обновлива енергија“, изјави Анка Јонеску, шеф на канцеларијата на ЕБРД во Скопје. Македонската Влада ги охрабрува фирмите од приватниот сектор, институциите и општините да ги искористат кредитите за инвестиции кои ќе придонесат за зголемување на енергетската ефикасност. „Максималниот износ за приватниот сектор е до 2 милиона евра за проект, а предвиден е и грант од 5 до 10% од износот на инвестицијата. Така кредит од 1 милион евра носи 100 илјади евра грант, а слично е и за општините“ Фирмите можат да добијат грант од 5 до 10 отсто од инвестицијата, а општините - од 10 до 15 отсто од инвестицијата. Од претходната ваква кредитна линија во Македонија се поддржани 38 проекти во вкупна вредност од 12 милиони евра.
Слично

Поврзани вести