Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРЕДИТИ, ПРВО ПОЛУГОДИЕ: Граѓаните во банките се задолжиле со нови 107 милиони евра!

КРЕДИТИ, ПРВО ПОЛУГОДИЕ: Граѓаните во банките се задолжиле со нови 107 милиони евра!
Заклучно со првото економско полугодие, вкупната кредитна изложеност на банките изнесува 4,3 милијарди евра. И првичните податоци и за јули уатуваат на натамошен раст на кредитната активност, но не со динимаика како што се очекувало, особено во делот на кредитирање на приватниот сектор. “Во однос на кредитниот пазар, првичните податоци за јули покажуваат натамошен раст на вкупните кредити на приватниот сектор, со поумерена динамика во однос на претходниот период, што не е невообичаено за овој период од годината. Годишната стапка на раст на вкупните кредити во јули изнесува 9% и е во рамки на проекцијата за третиот квартал од 9,8%“, информираат од Народната Банка. Според најновите податоци за кредитната задолженост, на крајот од јуни, во споредба со мај, е регистриран раст на кредитите за 38,8 милиони евра. Пораст е регистриран кајкредитирањето во денарии, додека пад е забележан кај кредитите во девизи. Имено, според валутната структура, кредитната изложеност во денари изнесува 3,4 милиони евра додека салдото на девизните кредити било околу 900 милиони евра. На крајот од првото полугодие задолженоста на граѓаните достигнала 1,8 милијарди евра и за шест месеци, или во однос на почетокот од јануари, таа се зголемила за 107 милиони евра, пришто од стартот на оваа економска година е регистриран континиран пораст на кредитирањето на населението. Неодамнешната Анкета за кредитната активност на банките покажа дека во периодот што следува не се очекува олеснување на условиет за кредитирање на населението, имено трендот на олеснување на кредитните услови, што почна во 2012 та година, сега значајно забавува. “Во однос на очекувањата за следниот квартал, најголемиот дел од банките не очекуваат промена на кредитните услови на населението. Следствено, нето-процентот се сведе на -3,9, наспроти -44,5 во претходниот квартал. Ваквите резултати укажуваат на прекин на трендот во очекувањата за континуирано нето-олеснување на кредитните услови на овој пазарен сегмент карактеристичен од почетокот на 2012 година“, се наведува во јулскиот извештај кој ја сумира првата половина од оваа економска година заедно со очекувањата за периодот што следува. Заклучно со првата половина од 2015 та година банкарите го продолжиле трендот на олеснувањата во делот на каматната стапка за станбените и за потрошувачките кредити, додека останатите кредитни условии за граѓаните главно останале непроменети. Во делот на кредитирање на компаниите, заклучно со јуни, вкупната кредитна задолженост изнесувала 2,4 милијади евра. Во наредниот период, фирмите може да очекуваат  натамошно нето-олеснување на кредитните услови кај сите типови кредити, но со речиси иста динамика како и досега. “Во наредниот период, банките очекуваат натамошно нето-зголемување на побарувачката на корпоративните кредити, што претставува продолжување на трендот од изминантите анкети. Сепак, се очекува нето-зголемувањето да биде помало споредено со претходниот квартал, одразувајќи го зголемениот број на банки коишто не очекуваат промени на сметка на намалениот број банки кои сметаат дека побарувачката ќе се зголеми“, посочиле банкарите во последната спроведена јулска анкета. Заклучно со јуни, салдото на нефункционални кредити, односно на сомнителни и спорни побарувања изнесувало 484 милиони евра и во однос на мај се намалило за пет милиони евра. На крајот од првата половина од годинава, вкупната депозитна база изнесувала нешто повеќе од 4,7 милијарди евра, Во јуни, за разлика од јули, е регистирано зголемено штедење  на компаниите, но намалување имало кај депозитите на населението. Д.Д.
Слично

Поврзани вести