КРЕДИТИ: Граѓаните на кредитни картички должат 200 милиони евра!
За 19 милиони евра е зголемeнa кредитната изложеност на банките во февруари во однос на јануари, годинава. Според новите податоци на Народната Банка, во вториот месец од годинава, вкупната задолженост кон банките изнесувала 4 милијарди и 156 милиони евра. Трендот на раст на кредитирањето е регистриран и во првиот месец од годинава.
“Годишната стапка на раст на вкупните кредити на крајот на јануари изнесува 9,2%, што е над проектираниот годишен раст од 8,5% за првото тримесечје на 2015 година.”, се посочува во новиот извештај на Народната Банка.
Во февруари, во споредба со јануари е регистрарано незначително намалување , од околку 600 илајди евра, кај салдото на сомнителни и споредни побарувања. Пдатоците покажуваат дека во вториот месец од годинава сомнителните побарувања изнесувале скоро 470 милиони евра, пришто кај денраските кредити е регистрирано намалување а кај девизните кредити зголемување на спорените побарувања.
Уште во првиот месец од годинава НБМ регистрираше влошување на нефункционалните кредити.
“Во текот на јануари се забележува умерено месечно зголемување на сомнителните и спорните побарувања, наспроти нивното намалување во претходните два месеца. Растот првенствено е резултат на зголемувањето на сомнителните и спорните побарувања на претпријатијата, при регистриран раст и кај населението. Во услови на месечно зголемување на состојбата, растот на сомнителните и спорните побарувања во јануари забрза на годишна основа. Учеството на сомнителните и спорните побарувања во вкупните кредити во јануари изнесува 11,4%, наспроти 11,1% во декември“, се посочува во извештајот на Народната Банка.
Ако се анализира кредитирањето од аспект на валутната структура, податоците во феврураи укажуваат дека во однос на јануари е регистриран пораст и кај девизните и кај денарските кредити.
Кредити во денари 3.2 милијарди евра
Кредитит во девизи 0,9 милијарди евра
“Реализираното годишно зголемување на вкупните кредити и натаму во најголем дел е резултат на растот на денарските кредити, при умерен позитивен придонес на девизните кредити“, оценува Народната Банка.
По јануарскиот пад на кредитирањето кај прватниот сектор, во февруари е регистриран пораст, така кредитната изложеност кон овој сектор изнесувала скоро 2,4 милијарди евра. Пораст е регистриран и кај кредитирањето на населението, чие салдо во февруари зинесувало 1,7 милијарди евра.
Според сумираните податоци за вториот месец од годинава, најголема задолженст на граѓаните е регистрирана по снов на потрошувачки кредити од скоро 780 милиони евра, следуваат станбените кредити во вредност од 422 милиони евра и кредтните картички, на кои грашаните во евруари должеле скоро 200 милиони евра, додека задолженоста по снов на негативни слада на тековни сметки изнесувала 92 милиони евра.
Д.А.
Слично
