Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРЕДИТИ: Граѓаните должат 1,7 милијарди евра! 

КРЕДИТИ: Граѓаните должат 1,7 милијарди евра! 
Само за еден месец, или од февруари до март, кредитната изложеност на банките се зголемила за 48,2 милиони евра. Според најновите податоци на Народната Банка, заклучно со првиот квартал од годинава, е регистриран годишен раст на кредитната активност за 9,2%. На крајот на март вкупната кредитна задолженост изнесувала 4,2 милијарди евра и во однос на февруари е регистриран пораст од скоро 50 милиони евра. НБРМ регистрираше раст и кај денарското и девизното штедење. Во истиот анализиран период, според сумираните податоци од банарскиот сектор е забележан тренд на пораст на сомнителните и проблематичните побарувања. Така, на крајот од првиот квартал салдото на нефункционалните кредити изнесувало 475 милиони евра и во однос на февруари има зголемување за околу 5 милиони евра. Сомнителни побарувања: Јануари       470,4 милиони евра Февруари     469,7 милиони евра Март            475,3 милиони евра Според податоците, НБРМ регистрираше маровки раст на кредитната активност и кај домаќинствата и кај приватниот сектор. Така, на крајот од третиот месец граѓаните на банките им должеле 1,7 милијарда евра додека задолженоста на приватниот сектор изнесувала 2,4 милијарди евра.
Слично

Поврзани вести